
ноември 6, 2023
Собирна акција во рамки на кампањата за борба против гладта
Под мотото „Помислете и на нас” на ден 04.11.2023 година во Веро Центар, 11 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар во периодот од 11 до 17 часот и спроведоа собирна акција.
Кампањата „Помислете и на нас“ започна кон средината на месец октомври, а целта е обезбедување помош на најранливите групи граѓани.
Благодарност до Веро Центар за поддршката на нашите хуманитарни активности.