април 18, 2022

Собирна акција во Веро Центар во рамки на ЦКА-ПХВ програмата

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар ја реализираше традиционалната собирна акција во Веро Центар, која го означува почетокот на низа активности во рамки на ЦКА-ПХВ програмата.
Собирната акција се одвиваше на ден 16.04.2022 (сабота) во периодот од 10 до 20 часот. На истата учествуваа младинците кои започнуваат со изработка на малите проекти. Акцијата се реализираше во 4 смени и на истата се собраа средства кои ќе се наменат за целните групи на ПХВ проектите.
 
Продолжуваме со активности!
 
< врати се назад