
декември 2, 2019
Соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар континуирано соработува со Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски” во општина Центар. Училиштето нуди можност за стручно и работно оспособување и образование за ученици со посебни образовни потреби. Волонтерите од Општинската организација Центар на ден 28.11.2019 посветија дел од своето време на учениците од ова училиште. За време на посетата, тие зборуваа за првата помош, им покажаа основи на првата помош, но имаа и време за дружба. Ваквата посета од забавен и едукативен карактер имаше голем успех, па, како и досега, продолжуваме со соработката со училиштето.