Соработка со Џудо клуб „Сеишин“
Општинската организација на Црвен крст Прилеп постојано соработува со невладините организации и спортски клубови со цел зајакнување на партнерската мрежа на организации во градот. Со овие организации се одвива соработка на различни области кои се во фокусот на Црвен крст. На 15-ти Мај се одржа обука по прва помош наменета за џудо клубот ,,Сеишн’’ со што се стави акцент на првата помош кај повреди настанати во џудо борби.
Оваа обука беше на иницијатива на џудо клубот кој понудија и понатамошна соработка меѓу двете организации. На оваа обука учествуваа 15 судии и асистенти од Клубот, кои се во постојан контакт со младите членови на клубот при тренинзи и натпревари. После оваа обука учесниците на истата се здобија со знаења и практични вештини за соодветна реакција при настанување на повреди во текот на тренинзи и натпревари со цел брзо укажување на прва помош.