ноември 19, 2014
Соработка со ИПО Јадран – прва помош за најмалите извидници
Во текот на изминатите две недели Клубот на Млади на ООЦК Центар и ИПО Јадран почнаа соработка на полето на првата помош каде што обучен волонтер по прва помош им помогна на најмалите од ИПО Јадран да се подготват за РАПИ ( државен натпревар во рамките на Извидничкиот Сојуз на Македонија ). Во малата категорија извидниците на ИПО Јадран со подготовка на Клуб на Млади на ООЦК Центар земаа 1во место. Честитки до сите и се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина.