
декември 15, 2023
Соработка со локалната заедница
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во рамките на овогодинешните активностите поврзани со Кампањата за борба против гладта, подготви пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.
Во таа насока, на 15.12.2023 година беше реализирана дистрибуција на пакети со храна за 40 социјално загрозени семејства, лоцирани на улицата Самуилова во близина на Скопското Кале. Дистрибуцијата се реализираше во соработка со локаната заедница.
