мај 15, 2013

Соработка со НВО Младинска мултикултурна заедница

Еден од приоритетите на Општинската организација на Црвен крст Прилеп е соработката со другите невладини организации во општина Прилеп, како и соработка со нови невладини организации со цел зајакнување на мрежата и надградба на организациските капацитети.
Како знак на плодната соработка помеѓу Општинската организација на Црвен крст Прилеп и НВО Младинска мултикултурна заедница, оваа невладина изврши донација на алишта кои ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.
Беа донирани 7 пакети со алишта за најразлична возраст. Општинската организација на Црвен крст и НВО Младинска мултикултурна заедница соработуваат на повеќе полиња како што се млади, хуманитарни акции итн. така што оваа соработка понатаму уште повеќе ќе се интензивира со цел задоволување на потребите на ранливата категорија на граѓани.

Еден од приоритетите на Општинската организација на Црвен крст Прилеп е соработката со другите невладини организации во општина Прилеп, како и соработка со нови невладини организации со цел зајакнување на мрежата и надградба на организациските капацитети.

Како знак на плодната соработка помеѓу Општинската организација на Црвен крст Прилеп и НВО Младинска мултикултурна заедница, оваа невладина изврши донација на алишта кои ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства. Беа донирани 7 пакети со алишта за најразлична возраст. Општинската организација на Црвен крст и НВО Младинска мултикултурна заедница соработуваат на повеќе полиња како што се млади, хуманитарни акции итн., така што оваа соработка понатаму уште повеќе ќе се интензивира со цел задоволување на потребите на ранливата категорија на граѓани.

< врати се назад