Соработка со ПСК Златоврв
По шестти пат на локалитетот „Камена баба“ на Маркови кули во Прилеп се одржа меѓународниот болдер маратон на кој учествуваа над 100 вљубеници во овој спорт од Македонија, Франција, Словенија, Хрватска, Полска, Бугарија, а оваа година учество зедоа и претставници од Грција, Албанија и Русија. Вљубениците во овој спорт беа импресионирани од погодноста на просторот за искачување по карпи, „Маркови кули“ се најдобри терени за болдеринг во светот.
Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп зеде учество на Меѓународниот турнир во Болдеринг ,,Крали Марко” организиран од ПСК ,,Златворв” со тим за прва помош и волонтери кои беа заинтересирани за Болдерингот. Турнирот траеше од 29-31.03.2013 . Вкупно 10 волонтери учествуваа на овој настан, овој турнир беше поддржан и од Локалната самоуправа на општина Прилеп. Соработката помеѓу Општинската организација на Црвен крст Прилеп и ПСК Златворв ќе продолжи со уште поинтензивно темпо, во уште многу други активности со цел да се промовира спортот меѓу населението.