април 7, 2023

Соработка со Здружение на пензионери на Општина Центар

Светскиот ден на здравјето – 7ми април, беше повод за започнување на соработката со новото раководство на Здружението на пензионери на Општина Центар.
Како прва активност, на ден 07.04.2023 во просториите на Здружението, тројца волонтери од Општинска организација Центар, кои се медицински лица, мереа шеќер во крв и крвен притисок на членовите од 3 клубови на Здружението.
Овие активности продолжуваат и во наредниот период, со што ќе бидат опфатени сите 8 клубови во рамки на Здружението.
 
< врати се назад