
април 10, 2022
Соработката продолжува со Македонски Дарителски Регистар за Коскена срцевина
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 10.04.2022 година на Zenska Trka во соработка со Македонски Дарителски Регистар на Коскена срцевина и Клиниката за Хематологија, се вклучи како поддршка на дарителската акција за зголемување на бројот на потенцијални донори во МДРКС.
На акцијата, поддршка даде првата дама, г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска и министерката за одбрана, г-ѓа Славјанка Петровска кои се зачленија во регистерот, како и од амбасадорката на Америка во РСМ, г-ѓа Кејт Мари Бенз.
Врнежливото време не ги спречи граѓаните да ја покажат својата хуманост на дело.
Биди срцевина, биди херој!
+
=



