
Соработката со ММСА успешно продолжува
На 12-ти август во просториите на ДХО *Даре Џамбаз*, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Центар, во соработка со Македонската Медицинска Студентска Асоцијација за потребите на студентите кои се на размена од Италија, Русија, Романија, Полска, Словачка и Шпанија се одржа предавање од областа на првата помош на тема “Scene assessment” каде тие се запознаа со основните безбедносни правила при работа на терен.
Идејата за одржување на настанот се покажа како многу корисна за студентите од споменатите држави, посебно во делот на соработката со Црвениот крст и за практикување на првата помош како живото спасувачка вештина. Случајно во групата од 16 слушатели, присутен беше и студент од Италија, кој во исто време е и волонтер во Италијанскиот Црвен крст, што создаде можност и за размена на искуства на овој план, но и поттикнување на останатите присутни да се вклучат во активностите во своите национални друштва.
Предавањето беше реализирано од страна на Димитар Тануровски, долгогодишен волонтер во Општинската организација Центар, кој со особена посветеност реализира активности и се надоградува во делот на промоцијата на првата помош во Црвениот крст.
Настанот беше реализиран со почитување на сите протоколи за заштита од COVID 19.