ноември 14, 2020

Состанок на Клуб на млади

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар се состанаа онлајн на платформата Zoom и дискутираа на тема “Домашна нега на КОВИД-19 пациенти”. Состанокот се одржа на ден 14.11.2020 во периодот од 19 до 20 часот. Дискутираа за начините на заштита во домашни услови и разменуваа мислења на темата. Дополнително се дискутираше за активностите кои ни претстојат. Продолжуваме со онлајн состаноци и во иднина.

< врати се назад