мај 18, 2012
Спортско-хуманитарна акција
Општинската организација на Црвен крст Прилеп организира спортско-хуманитарна акција “За сите деца”, која има за цел подигање на свеста кај младите за потребната помош, солидарност и хуманост во справувањето со социјалните потешкотии, воедно насочувајќи го своето внимание и време кон племенити дејства како превенција од зависности, злоупотреби и агресивност.
Во рамките на манифестацијата се реализира трка за две категории на натпреварувачи до и над 14 години, обезбедени беа и награди за првите три места во двете категории. Pосебен придонес дадоа и младите со посебни потреби кои беа учесници во натпреварувањето.