
јули 9, 2021
Справување со топлотен бран
Мобилната екипа на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар реализираше 7 теренски активности за справување со најавените топлотни бранови, започнувајќи од 23.06.2021. Волонтерите беа на терен во периодот од 12.00 до 15.00 часот и делеа вода на случајни минувачи на територија на општина Центар.
На ден 08.07.2021, во соработка со Секторот за превенција при СВР Скопје, волонтерите и полициските службеници од Полициска станица БЕКО излегоа на скопските улици и ги информираа граѓаните за опасноста од пожар и топлотен бран и за превенција од такви несакани ситуации.
Ваквите активности се со цел превенција од пожар, подигнување на свеста за штетноста од топлотните бранови, поголема инволвираност на граѓаните за навремена заштита, како и заштита на нивното здравје.
Продолжуваме на терен сѐ додека има потреба.





