
март 24, 2023
Спремни за маскенбал!
Младинците од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Општинска организација Центар, кои се дел од ЦКА-ПХВ програмата оваа година, на 24.03.2023 година реализираа работилница заедно со учениците од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.
Преку сликите можете да ја забележите убавата атмосфера во која уживаа учениците, заедно со нивните професори и волонтерите.
Сѐ е подготвено за 1ви Април – денот на шегата и со нетрпение го очекуваме маскенбалот во училиштето!