
ноември 16, 2020
СРЕЌЕН 10-ТИ РОДЕНДЕН КЛУБ НА МЛАДИ!
Волонтерството претставува доброволно давање услуги, поттикнато од слободната волја и желбата да се помогне. Волонтерите се носители на активностите и секој кој има желба може да волонтира. Секој може да се вклучи во активностите на Црвениот крст и да волонтира согласно своето слободно време, желби и интереси.
Преку волонтирањето, волонтерите не само што помагаат на оние на кои им е тоа потребно, туку и стекнуваат различни искуства и вештини кои придонесуваат за нивен дополнителен развој.
Клубовите на млади претставуваат форма на организирање на младите волонтери во рамките на една Општинска организација на Црвен крст.
Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на овој ден – 16.11.2020 полни 10 години. Младите волонтери се активни, посветени, креативни, полни ентузијазам и желба да го направат светот поубаво место за живеење. Волонтерите, преку вклучување во активностите стекнуваат пријателства кои се нераскинливи и траат цел живот.
Драги волонтери, ви посакуваме уште многу успешно реализирани активности, безброј убави моменти и многу пријателства кои траат вечно! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!