септември 19, 2013

Стоп за туберкулозата

 

Оваа година традиционално Општинската организација на Црвен крст Прилеп ја одбележа неделата на борба против туберкулоза од 14-21 Септември под мотото ,,Стоп за туберкулозата”.
Со цел намалување на смртноста и заболеноста од туберкулоза, Црвен крст Прилеп одржа  едукација за општото население при што се стави акцент на превенција и зголемување на нивото на свесност кај општото население за можната опасност од оваа болест. Исто така преку овие едукации непосредно се влијаеше позитивно врз постоечките предрасуди кај населението за оваа болест, бидејќи во досегашното работење на оваа проблематика можиме да посведочиме за безброј примери кои го покажуваат тоа.
Обезбедувајќи го населението со  соодветни информации и сознанија за туберкулозата се влијаеше и врз дискриминацијата и стигмата што населението ја има кон лицата заболени од туберкулоза и нивните семејства.

Оваа година традиционално Општинската организација на Црвен крст Прилеп ја одбележа неделата на борба против туберкулоза од 14-21 Септември под мотото ,,Стоп за туберкулозата”.  Со цел намалување на смртноста и заболеноста од туберкулоза, Црвен крст Прилеп одржа  едукација за општото население при што се стави акцент на превенција и зголемување на нивото на свесност кај општото население за можната опасност од оваа болест.

Исто така преку овие едукации непосредно се влијаеше позитивно врз постоечките предрасуди кај населението за оваа болест, бидејќи во досегашното работење на оваа проблематика можиме да посведочиме за безброј примери кои го покажуваат тоа. Обезбедувајќи го населението со  соодветни информации и сознанија за туберкулозата се влијаеше и врз дискриминацијата и стигмата што населението ја има кон лицата заболени од туберкулоза и нивните семејства.

 

< врати се назад