
мај 8, 2022
Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска го одбележува 8 Мај – Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина под мотото #БидиЧовечен.
Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува во сите 192 национални друштва во чест на основоположникот на движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина Анри Динан, кој е роден токму на 8 Мај.
