септември 28, 2020

Светски ден на Прва помош – Обука по прва помош за негувателките од ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, по повод Светскиот ден на првата помош, на ден 26.09.2020 година во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“, во периодот од 11 до 13 часот, спроведе уште една обука по прва помош за негувателите и вработените во ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин“.
Предавач на обуката беше д-р Билјана Јосифоска. На обуката учествуваа 33 слушатели кои имаа можност да се запознаат со основите на првата помош. Станува збор за деликатна возраст, односно деца од 6 месеци до 6 години поради што за време на обуката беа опфатени ситуации со кои негувателките би можеле да се соочат за време на престојот на дечињата во детската градинка.
Со овие обуки ќе се опфатат сите 64 вработени во детската градинка.
Поради моменталната ситуација, обуката се одвиваше онлајн преку платформата Zoom.
 
 
< врати се назад