септември 13, 2024

Светски ден на Првата помош 14 Септември 2024

Сите луѓе сé помалку или повеќе ранливи, но сите поседуваат способност да научат да дадат прва помош со цел да се зачува нечиј живот.

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар ги започна активностите за одбележување на Светскиот ден по Прва помош, кој оваа година се одбележува на 14 септември под мотото “Прва помош и спортски активности – Подготви се и укажи помош”. Започнавме со пренесување на знаењата за Првата помош за учениците од ООУ Димитар Миладинов со акцент на повреди кои можат да им се случат додека спортуваат.

На оваа работилница гостин беше и Градоначалниот на Општина Центар, г. Горан Герасимовски кој препознавајќи ја важноста на првата помош, дава поддршка во нејзина промоција.

Вакви работилници за прва помош започнаа на 12.09.2024 година и ќе бидат реализирани во сите образовни институции кои се лоцирани во Општина Центар а дополнително ке се организираат и работилници наменети за различни целни групи.

< врати се назад