декември 8, 2014
Светски ден на волонтеризмот 05.12.14
На ден 05.12.14 дел од младинците на Клубот на Млади на ООЦК Центар го одбележаа Светскиот ден на волонтеризмот под мотото „Јас го пронајдов волонтерот во себе, а ти?“ со информативни штандови во СУГС „ Јосип Броз-Тито “ и СМУГС „д-р Панче Караѓозов“ со почеток од 12:00 часот па се до 14:00ч. На штандовите беа изложени промотивни материјали кои прикажуваа што всушност работат младите во Црвениот крст и како тие се вклучуваат во активностите. Беа приложени и брошури на кои ги пишуваше основните информации за работата на младите во ООЦК Центар и информации како они можат да се приклучат во Клубот на Млади.