
Топлотен бран
Волонтерите од Клубот на Млади на Црвен крст на РСМ – Општинска Организација Центар и волонтери кои се обучени за укажување на прва помош, учествуваа во активности за справување со топлотниот бран со делење на вода и евентуална потреба од мерење на крвен притисок на случајни минувачи на територија на Општина Центар.
Акутните ефекти како резултат на изложеност на високи температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем се превентабилни, односно можеме да ги спречиме.
Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место колку што е можно побрзo. Веднаш напиjте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате.
Активностите продолжуваат се додека траат високите температури.





