
Топлотен бран
И во текот на месец Август со зголемувањето на температурите и прогласената портокалова фаза мобилниот тим составен од волонтерите на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, ги следеше релациите кои се најфрекфентни во периодот од 11 часот до 15 часот попладне, на кои се делеше вода и мереше крвен притисок.
Тимот истот така е во припремност да пружи прва помош доколку е потребно.
За ваша безбедност следете ги препораките за ваша безбедност:
• Бидете добро хидрирани. Пијте 6-8 чаши вода дневно.
• Ограничете го физичкиот напор. Ограничете ја физичката активност, особено во периодот од денот кога е најтопло.
• Носете светла облека и лесна облека, наочари за УВ заштита и капа.
• Користете креми со заштитен УВ фактор.
• Често туширајте се, за да се oлади телото.
• Избегнувајте непотребно излегување надвор во период од 10 до 17 часот.
• Одбегнувајте алкохол и акохолни пијалоци, како и пијалоци што содржат кофеин како и екстремно ладни пијалоци.
• Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна, како и храна која содржи шеќери.
Акцијата трае се додека траат предупредувањата и препораките за заштита од високи температури.



