
август 14, 2025
Топлотен бран – Делење на флаширана вода на територија на Општина Центар
Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 11, 12 и 13 август 2025 година,спроведоа активност за превенција и намалување на ризикот од топлотна исцрпеност кај населението.
Во текот на најинтензивните часови од топлотниот бран, на најфреквентните локации во Општина Центар беа поделени вкупно 600 шишиња вода.



