март 1, 2023

Традиционална собирна акција во рамки на ЦКА-ПХВ програмата

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар ја реализираше собирната акција која го означува почетокот на ЦКА-ПХВ активностите.
Во пресрет на 1ви Март, собирната акција ја реализираа младинците од ПХВ циклусот кои претходно изработија мартинки, па во знак на благодарност, секој кој донира добива мартинка по свој избор.
Акцијата беше реализирана на ден 28.02.2023 во периодот од 10 до 15 часот во Веро Центар со цел прибирање средства кои ќе се наменат за целните групи на ПХВ проектите.
 
< врати се назад