август 29, 2025

Традиционална крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во координација со Институтот за трансфузиона медицина на 28.08.2025 година по 23 – ти пат ја организираше традиционалната крводарителска акција во чест на празникот “ Голема Богородица” , под мотото “ Од срце за срце – капка крв што значи живот ”.

Акцијата се одржа во Дом на АРМ во период од 09 – 17 часот, во текот на акцијата беа донирани 153 крвни единици и со тоа дарителите уште еднаш ја покажаа својата хуманост, емпатија, човечност и одговорност со цел да се помогне да се спасат голем број човечки животи.

Акцијата течеше во пријатна атмосфера со одлична организација и поддршка на нашите 30 волонтери кои и оваа година уште еднаш дадоа голем придонес за оваа традиционална акција да помине во најдобар ред.

< врати се назад