декември 27, 2024

Традиционална новогодишна прослава во Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”

На 26.12.2024 во Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет” се реализираше новогодишна прослава во која главен гостин ни беше градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и секако незаменливиот Дедо Мраз, кои заедно им поделија на корисниците новогодишни пакетчиња.

Настанот продолжи со споделување на идеи за активности за следната година, рецитирање на новогодишна поезија од страна на корисниците, пишување на новогодишни честитки и мала забава со омилените песни на корисниците.

Со оваа објава сакаме да се заблагодариме за долгогодишната соработка со Општината Центар.

< врати се назад