
март 21, 2022
Тренинг за врснички едукатори
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе тренинг за врснички едукатори за волонтерите од Клубот на млади. Тренингот се реализираше на 19-ти и 20-ти март 2022 година во просториите на Младински Центар Матично и истиот го предводеа тренерите Андриана Марковска и Филип Ивковски. Во понатамошниот процес, врсничките едукатори ќе поминат дообука на различни теми, по што ќе го дисеминираат своето знаење во образовните институции на територија на општина Центар.
Им посакуваме многу успех на новите едукатори.






