
февруари 28, 2023
Трета ПХВ работилница
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 24.02.2023 во периодот од 9 до 11 часот, ја спроведе третата и последна обука на младинците во рамки на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“.
Работилницата ја спроведе дисеминаторката Марта Николова, а тема на обработка беше документирање на малите проекти. Младинците, преку примери од веќе реализирани проекти, се запознаа со начинот на документирање на проектите, што сѐ е потребно да се подготви и која е временската рамка.
Уште веднаш младинците започнуваат со активности за реализација на малите проекти.
Со среќа! 



