септември 28, 2023

Трибина на тема „Булинг во училиштата“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе трибина на тема „Булинг во училиштата“ по повод одбележување на Неделата на промоција на хумани вредности 2023.

Трибината се резализираше на ден 28.09.2023 година во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, со почеток во 12 часот, а беше спроведена од страна на проф. д-р Софија Георгиевска од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на настанот, присутните дискутираа за видовите насилство со можат да се сретнат за време на нивниот образовен процес, но и надвор од училишните клупи. Преку вежба, учесниците имаа можност да детектираат ралични форми на насилство.

Потоа следеше кратка дискусија за лични и туѓи искуства на оваа тема, по што, дискусијата се затвори со вежби за себеспознавање и рефлексија кон она што нам нѐ прави вистински среќни.

Голема благодарност до проф. д-р Софија Георгиевска и до службата на СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ кои овозможија да се реализира овој настан.

     

< врати се назад