јули 25, 2019

„Твоето незнаење чини живот!“

Во склоп на кампањата за прва помош со мото: „ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ“, спроведена од Црвен Крст на Република Северна Македонија, Општинската организација на Центар одржува бесплатни освежителни обуки за прва помош за возачи.

Обуките се наменети за сите активни и пасивни возачи и се со цел тие да ги освежат своите знаења од областа на првата помош.

Учесник во првата обука во Општинска организација на Црвен крст на Центар беше и познатиот македонски пејач Ристо Самарџиев кој во своето излагање ја посочи важноста на освежителните обуки.

Сите заинтересирани може да се пријават на следната e-mail адреса:
centar@redcross.org.mk 

< врати се назад