
декември 2, 2019
„Твоето незнаење чини живот“ – втора освежителна обука во Општина Центар
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинската Организација Центар продолжува со обуката за прва помош за возачи под мотото: “Твоето незнаење чини живот”. На ден 27.11.2019 одржа освежителна обука за прва помош за возачи повторно во просториите на Општина Центар. Вработените во Општина Центар имаа можност теоретски и практично да ги поткрепат своите претходни познавања од областа на првата помош. Заинтересираноста за повторно да се одржи обука во Општина Центар зборува за успехот на оваа кампања. Предавач на обуката беше д-р Биљана Јосифоска.












































