септември 5, 2022

Училишен прибор за дечиња од ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во периодот од 29-31.08.2022 година спроведе собирна акција за училишен прибор за дечињата кои се во социјален ризик и немаат можност во целост да набават прибор за непречено следење на наставата. На ден 02.09.2022 година беше дистрибуиран училишниот прибор во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
Благодарност до сите што се вклучија во акцијата и донираа, а со тоа го олеснија образовниот процес на учениците.
Среќен почеток на учебната година, ученици!
 
< врати се назад