
Унапредување на знаењата на лицата од трето доба
Со цел унапредување на знаењата на лицата во трето доба и важноста на првата помош, посебно во време на климатски промени од кои сите сме подеднакво засегнати и грижата за спасување на човековиот живот кој е бесценет Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар подготви и дистрибуираше едукативни материјали ( постери) за Здружение на пензионери на Општина Центар кое опфаќа 8 поединечни ограноци.
Претставници на Општинската организација Центар имаа средба со Претседателот на Здржението на пензионери на Општина Центар и ги посетија сите ограноци со цел покажување на грижата кон лицата во трето доба и унапредување на континуираната соработка преку многубројни активности во наредниот период. Веќе од средината на месец август планирани се едукативни работилници со членовите во сите 8 ограноци на Здружението на пензионери на општина Центар, на кои е планирано стручни лица на практичен начин да го објаснат укажувањето на прва помош за повредите кои се содржани на постерите.

