февруари 14, 2025

Успешно завршена прва ЦКА-ПХВ работилница

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 13.02.2025 во ја спроведе првата работилница, во рамки на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“.

Овогодинешна дисеминаторка е Мила Шутаревска, и таа ќе ги предводи и насочува учесниците низ целиот ПХВ циклус.

На работилницата присуствуваа 30 ученици од прва и втора година во средните училишта на територија на општина Центар.

На првата работилница, младинците имаа можност да се запознаат со историјатот, значењето и работата на Црвениот крст, што им овозможи подобро да ја запознаат организацијата и начинот на нејзино дејствување.

Месец февруари е предвиден за спроведување на трите обуки во рамки на ПХВ циклусот, а веќе од месец март, младинците ќе почнат со спроведување на активностите за реализација на малите проекти.

< врати се назад