февруари 19, 2025

Успешно завршена втора ЦКА-ПХВ работилница

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 18.02.2025 ја спроведе втората работилница, во рамки на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“.

На втората работилница, младинците имаа можност да го запознаат процесот на дејствување и проценка на терен, лоцирање на крајна цел и избор на корисници.

Месец февруари е предвиден за спроведување на трите обуки во рамки на ПХВ циклусот, а веќе од месец март, младинците ќе почнат со спроведување на активностите за реализација на малите проекти.

< врати се назад