ВАШАТА ПОМОШ – НЕЧИЈА СРЕЌА
Целта на нашата група беше да се помогне семејството Ќазимови од селото Мелница, со еднократна помош и обезбедување ужина во одреден период. Семејството Ќазимови се состои татко и три прекрасни ангелчиња.
Се пријавивме за ЦКА – ПХВ проектот во Црвениот крст – Велес. Ги посетувавме обуките и дообуките и присуствувавме на сите состаноци. По ова добивме инспирација да направиме нешто хумано и нешто добро кое ќе служи за пример на другите деца и возрасни.
По посета и разговорот со социјалниот работник и таткото на децата ние се запознавме со приказната за семејството Ќазимови и со нивниот проблем. По дознавањето на нивната трогателна приказна и состојба, се решивме да им помогнеме на било кој начин за да им се подобри животот, но и да направиме хумано дело.
Се договориме за активностите за да им помогнеме на тие деца. Решивме да почнеме разговор со директорот на велешкиот театар, на кого му ја раскажавме целата приказна и тој се согласи да ни подарат театарска претстава, за која ќе треба ние да ги продадеме театарските билети.
Нашата група се подели во неколку подгрупи со цел да се поделат билетите до сите основни и средни училишта во кои бевме добро прифатени од страна на љубезните директори. Некои од молбите не беа прифатени во целост, но успеавме да продадеме доволно билети и собереме средства.
На 2-ри Март беше одиграна театарската претстава “Белег од човечки заби”. Пред претставата искажавме голема благодарност до сите кои го помогнаа нашиот проект, посебно театарот. Од претставата беа собрани 6.350,00 денари, што беа искористени за набавка на прехранбени производи за домот на Ќазимови.
Од акцијата нашата група беше навистина задоволна бидејќи се разбуди хуманата свест дури и кај најмладите деца кои со своите скромни донации знаеа дека им помагаат на тие на кои им е навистина потребна помош