Важно соопштение!!!
Согласно со настанатата ситуација Општинската организација на Црвен крст Прилеп се приклучува на акцијата за собирање на НАЈНЕОПХОДНИТЕ средства за помош на настраданото население во Србија и Босна и Херцеговина. По тој повод утре (Понеделник) 19.05.2014 година општинската организација на Црвен крст Прилеп во соработка со Општина Прилеп и граѓаните на општина Прилеп ќе отвори пункт за собирање на:
– хигиенски средства (сапуни, пасти, шампони, средства за дезинфекција)
– вода за пиење (флаширана)
– храна (сува, тетрапак и конзервирана, сол, шеќер, брашно, тестенини)
– медицински материјали (гази, завои)
– облека и обувки (долна облека, чорапи, маици, истите да бидат уредно здиплени и подредени)
– храна за бебиња и млеко во прав, влажни марамици, пелени и слично
– постелнина и ќебиња
Пунктот ќе биде лоциран кај фонтаната од водовод во центарот на градот од 10 часот наутро до 17 часот. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да ги донираат овие средства тоа можат да го направат на овој пункт. Исто така канцеларијата на општинската организација на Црвен крст Прилеп ќе биде отворена за донации преку целиот ден и во текот на неделата се до 31 овој месец. Општинската организација на Црвен крст Прилеп се наоѓа на улица „Јоле Андоноски„ број 5а (кај судот). Телефон за контакт 048/424-710.
Исто така од страна на општинската организација на Црвен крст Прилеп ќе бидат организирани штандови за собирање на парични средства за помош на настраданите во Босна и Херцеговина и Србија, а за сите граѓани кои нема да бидат во можност да донираат во текот на овие собирни акции, а сакаат да помогнат тоа можат да го направат на следниот начин:
1. Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, Црвен крст на Република Македонија.
2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400
Општинската организација на Црвен крст Прилеп ги повикуваат компаниите и хуманите граѓани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население. За текот и резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.
Исто така ги замолуваме сите граѓани, здруженија на граѓани, НВО и сите други институции и организации кои што сакаат да организираат каква и да било акција и да помогнат да ги координираат сите свои активности со општинската организација на Црвен крст Прилеп.