април 21, 2022

Велигденска работилница во Центарот за лица со попреченост „Пролет“

Во пресрет на Велигденските празници, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 21.04.2022 година во периодот од 10 до 14 часот, реализираа креативна работилница во Центарот за лица со интелектуална попреченост над 18 години на Црвен крст на град Скопје „Пролет“.
Можете да ја почувствувате прекрасната претпразнична атмосфера во Центарот преку сликите и убавите изработки.
 
Среќни Велигденски празници!
 
< врати се назад