Велигденска радост
Волонтерите на Клуб на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп го посетија Дневниот центар за деца со посебни потреби пред Велигденските празници со цел да имаат заедничка креативна работилница чија тема ќе биде празникот Велигден. Посетата се реализираше на 30.04.2013 (Вторник). 5-те волонтери од Клубот на млади им помагаа на децата во цртање и боење на велигденски јајца, слушаа музика и се забавуваа.
Секоја посета која ја реализира Клубот на млади предизвикува радост кај овие деца така што се повеќе се зголемува нивото на социјализација кај децата со посебни потреби. Црвен крст Прилеп континуирано соработува со Дневниот центар за деца со посебни потреби со цел да им помогне на вработените од Центарот во развојот на децата со посебни потреби. Во месец Мај се планира и одбележување на годишнина од постоењето на Дневниот центар каде што придонес ќе има и Општинската организација на Црвен крст Прилеп во соработка со Комерцијална банка.