мај 29, 2013

Викенд посветен на спортот

Општинската организација на Црвен крст Прилеп во континуитет соработува со невладините организации во градот, спортски клубови и планинарски друштва со цел зајакнување на мрежата на партнери и соработници.

На 24, 25 и 26 Мај се одржа Меморијалниот турнир во спортска ориентација ,,Пеце Атанасоски”. Овој турнир беше во организација на Ориентациониот клуб ,,Златоврв” каде што волонтерите од Општинската организација на Црвен крст Прилеп учествуваа како контролори. Натпреварот траеше 3 дена на 3 различни локации: Могилата на непобедените, центарот на градот и вештачкото Мермерно езеро. На овој натпревар учествуваа 14 волонтери од ОО Црвен крст Прилеп од најразлична возраст. Со овие активности Црвен крст Прилеп го промовира спортскиот дух помеѓу младите со цел да се оттргнат од различните пороци кои го демнат нашето опшество.

Општинската организација на Црвен крст во континуитет ги промовира опшествените вредности врз кои треба да се гради здраво опшество што ветува напредок и просперитет.

< врати се назад