јуни 12, 2025

“Вкусни Палачинки”- креативна работилница со корисниците од “Пролет”

Волонтерите од Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар овој четврток 12.06.2025 ги изненадија корисниците на Центарот за лица со интелектуална попреченост над 18 години на ЦКГС со подготовка на палачинки кои сами си ги украсуваа по свој вкус.

Продолжуваме со креативни работилници и понатаму во овие летни периоди. Другари се гледаме нареден четврток!

< врати се назад