
август 15, 2019
Во екот на кампањата
Волонтери од Општинската организација Центар, на ден 15.08.2019 во склоп на кампањата за прва помош со мото: “Твоето незнаење чини живот“, спроведена од Црвен крст на Република Северна Македонија, излегоа на плоштадот Македонија да поделат промотивен материјал за освежителните обуки за возачи.
Промотивниот материјал го делеа на случајни минувачи на кои им даваа додатни информации поврзани со обуките кои ни претстојат.
Кај дел од минувачите се забележа особена заинтересираност и дополнително ја посочуваа важноста на првата помош.
Обуките продолжуваат да се одржуваат и во текот на месец август и на месец септември како дел од кампањата на Црвен крст на Република Северна Македонија.