април 30, 2013

Во служба на човекот

Волонтерите во Клуб на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп, традиционално ја одбележаа Неделата на солидарност (22-28 Април) при што имаше масивен одзив на граѓаните. Беа реализирани низа на активности за одбележување на оваа Недела со цел да се соберат парични средства за ранливата категорија на граѓани, а воедно беше собирана облека и покуќнина.
Во текот на Неделата на солидарност извршена е промоција на Неделата преку информативни штандови поставени во Центарот на градот каде истовремено граѓаните можеа да го дадат својот доброволен прилог. Граѓаните   индивидуално донираа облека и покуќнина. Волонтерите на Црвениот крст извршија посета на 1000 семејства од кои 790 граѓани дадоа придонес, просекот на донирани средства е по 20 денари од семејство. Собраните средства ќе бидат наменети за помош на 23 стари лица и 13 лица со посебни потреби.

< врати се назад