
Волонтер на месец март
Хуманитарната работа ѝ е мотивација, а првата помош инспирација.
Таа е волонтер во Општинска организација Центар од 2022 година и своето волонтирање го започна вклучувајќи се во ЦКА-ПХВ програмата во 2022 година како младинец, а оваа година веќе и како мини ментор.
Нејзината професионална определеност – ученик на отсек Медицински сестри во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, ја насочи кон Првата помош и здравствено-превентивната дејност, па во 2022 се обучи како врснички едукатор на здравствено-превентивни теми, а потоа во 2023 и како демонстратор по Прва помош.
Одговорноста и е силна страна, таа е проактивна, прецизна, професионална, полна со јасни и конкретни идеи, а сето тоа проследено со насмевка и позитивна енергија – Михаела Анѓелкоска е ВОЛОНТЕР НА МЕСЕЦ МАРТ!
Ти благодариме на посветеноста.