
мај 6, 2025
Волонтер на месец АПРИЛ
Трпеливата и ангажирана Дела е дел од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар веќе три години.
Со своето искуство и искрена посветеност, таа игра важна улога во делот за Врсничка едукација, каде што редовно одржува едукации и им помага на младите да се информираат.
Нејзиниот активен пристап, отвореност и подготвеност за соработка ја прават клучен дел од тимот и инспирација за многу млади.
