септември 4, 2024

Волонтер на месец Август!

Срце полно со емпатија и раце вешти во свирење на гитара, Андреј пронајде уникатен начин да се вклопи во работата на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар како Врснички едукатор, и волонтер во “Пролет” – Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години..

Преку љубовта кон менталното здравје, гитарата, и физиката редовно смислува разни активности и нови кул идеи како да го пренесе неговото знаење на најмалите,и врсниците.

– Андреј Стојановски  е ВОЛОНТЕР НА МЕСЕЦ АВГУСТ!!!

< врати се назад