јануари 9, 2025

Волонтер на месец Декември

Од првиот ден Иван ја покажа својата желба за промена, покрај неговиот работен ангажман наоѓа време за волонтирање и и помага на заедницата.

Иако е волонтер една година Иван веднаш се вклучи во програмата ЦКА-ПХВ, како мини ментор на Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.

Активно е вклучен во активностите од социјално хуманитарен карактер како и логистичка поддршка, а непосредно пред новогодишните празници тој беше вистинскиот Дедо Мраз кој носеше насмевки на дечињата од ЈЗУ Детска Хирургија и корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Пролет.

Иван Максимов е волонтер на месец Декември!

< врати се назад