
јуни 9, 2025
Волонтер на месец Мај
Иако е прилично нов волонтер во Клубот на млади на Црвениот крст на РСМ Општинска организација Центар. Со насмевка на лицето и срце полно добрина, таа несебично им помага на сите што имаат потреба.
Без разлика дали станува збор за организирање на настан, поддршка при креативни работилници или просто поддршка со збор, Инџи е тука – тивка сила на која секогаш можеш да се потпреш.
Со својата енергија, искреност и сочувство, Инџи не само што им помага на другите, туку и инспирира. Нејзината посветеност покажува дека вистинската хуманост не се мери со време, туку со срце.
