
октомври 9, 2024
Волонтери на месец Септември!
Иако се нови волонтерки во Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар, веднаш максимално се вложија во волонтерските активности.
Веќе се активни во крводарителството и неговата промоција и дел се од Екипата која е радовна во Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”.
Преку нивната креативност и насмевка, како и нивната подготвеност за помош во даден момент – Мила и Дора се ВОЛОНТЕРКИ НА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ!
